Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец кршел во кафеана, нападнал маж, а му го oштетил и автомобилот

Охриѓанец кршел во кафеана, нападнал маж, а му го oштетил и автомобилот

Притворен е 41-годишен охриѓанец поради неколку инциденти во градот.

Како што информираат од полицијата тој, минатиот месец во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид оштетил дел од инвентарот, физички го нападнал Г.Б.(58) од Охрид и при заминување од објектот го оштетил автомобилот на нападнатиот.

Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор, по што тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Охрид.

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!