Утрински Весник
Магазин

(Видео) Хорор филм стана најгледан во светот за четири дена, има оцена 5.0 на ИМБД

(Видео) Хорор филм стана најгледан во светот за четири дена, има оцена 5.0 на ИМБД

Тhe Tinder Swindler („Измамникот на Тиндер“) е симнат од тронот.

Според аналитичката компанија FlixPatrol, моментално најгледаниот филм на „Нетфликс“ во светски рамки е Тexas Chainsaw Massacre („Масакрот со моторна пила во Тексас“).

Новото продолжение на хорор франшизата излезе на 18 февруари на оваа стриминг- платформа и веќе се искачи на врвот на гледаноста ширум светот. Некои од земјите каде што моментално е на прво место прв се Аргентина, Австрија, Белгија, Бразил, Финска, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД.

Трејлерот за овој филм беше објавен пред три недели и е прегледан повеќе од 2,5 милиони пати.

„По речиси 50 години криење, Ледерфејс се враќа за да тероризира група млади пријатели кои случајно го нарушуваат неговиот внимателно заштитен свет во оддалечен тексашки град“, стои во описот на филмот.

Можете да прочитате

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО АНГЛИЈА: Маж влегол меѓу тигрите, едно од животните го нападнало

ШТО НАЈМНОГУ САКААТ МАЖИТЕ ВО КРЕВЕТ? Ескорт-дама ја откри најбараната секс-поза, одговорот ќе ве изненади

Пријателите никогаш не ви ги лајкуваат објавите? Психолозите објаснуваат што може да значи тоа