Утрински Весник
Свет

Медведев: НАТО и САД лошо ја научиле лекцијата од 2008 година

Медведев: НАТО и САД лошо ја научиле лекцијата од 2008 година
Dik 300x250 mk

НАТО и САД не ја научија лекцијата што им ја одржа Русија со признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.

Коментирајќи ја одлуката на претседателот Владимир Путин да потпише укази за признавање на самопрогласените републики во источна Украина, тој рече дека во 2008 година морал да донесе тешка одлука за признавање на независноста на Јужна Осетија и Абхазија, пренесува РИА Новости.

„ Русија помогна да се спасат животите на стотици илјади луѓе и одржа лекција за НАТО, САД, за сите оние кои имаа агресивни намери кон руските граѓани.

Меѓутоа, НАТО не го прифати тоа добро и продолжи цинично да се приближува до границите на Русија, проширувајќи го кругот на потенцијални членки, рече Медведев.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина