Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија направила се што може за да ја смири кризата во Украина.
„ Сегашните власти во Киев немаат намера да ги спроведат договорите од Минск. Згора на тоа, тие тоа го објавија јавно неколку пати, и на највисоко државно ниво и на ниво на министри за надворешни работи, Советот за безбедност“, рече Путин на седницата на Советот за безбедност.
https://www.youtube.com/watch?v=HSJsSxgsRVM
Тој напомена дека признавањето на ЛНР и ДНР е тесно поврзано со безбедносните прашања во светот, а особено во Европа. Рускиот претседател
посочи дека пучот во Украина во 2014 година бил крвав. Како што наведе тој, властите во Киев двапати спровеле воени казнени операции во Донбас.
„ Очигледно по трет пат сме сведоци на ескалација на ситуацијата“, рече Путин.
Тој посочи дека, ако Украина биде примена во НАТО, заканите за Руската Федерација ќе се зголемат повеќекратно.
Според него, Русија на почетокот правела се за да ги реши недоразбирањата по мирен пат.