Утрински Весник
Магазин

Џастин Бибер позитивен на коронавирус

Џастин Бибер позитивен на коронавирус

Канадската поп и аренби ѕвезда Џастин Бибер е позитивен на коронавирус, објавија медиумите.

27-годишниот пејач бил принуден да одложи еден од планираните концерти откако ги добил резултатите од тестот.

Портпаролот на хитмејкерот откри за „ТМЗ“ дека Џастин дознал за резултат од тестот во саботата, и дека во моментот се чувствува добро.

Ѕвездата на топ листите, кој е еден од најпродаваните уметници во светот, требаше да настапи во T- Mobile Arena во Лас Вегас во недела. Меѓутоа, концертот е презакажан за летните месеци поради дијагнозата.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои мислат дека луѓето ќе се променат 

Вил Смит се соочува со тужба за сексуално вознемирување

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година