Утрински Весник
Свет

САД тврдат: Русија составува списоци на Украинци кои ќе бидат убиени, киднапирани, испратени во кампови

САД тврдат: Русија составува списоци на Украинци кои ќе бидат убиени, киднапирани, испратени во кампови

Руските сили создаваат списоци на Украинци кои ќе бидат убиени или испратени во концентрациони логори во случај на инвазија, се вели во писмото го испратила шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, пишува „Вашингтон пост“.

Во писмото без датум се наведува дека неодамнешните информации сугерираат дека се планираат „ убиства, киднапирања, неправедни притворања и тортура“.

И американската амбасадорка во ОН Шебе Крокер предупредува дека руската инвазија на Украина ќе доведе до „катастрофално кршење на човековите права“.

Се наведува дека Русија најверојатно ќе ги таргетира руските и белоруските дисиденти во егзил во Украина, новинарите и активистите за борба против корупцијата и ранливите популации како што се верските и етничките малцинства и ЛГБТ лицата.

Се појавија и нови детали за американските санкции, а Ројтерс објави дека САД имаат намера да им забранат на американските финансиски институции да вршат трансакции за големите руски банки во случај на инвазија.

Можете да прочитате

Оваа професија е сè повеќе потребна: Очајно се потребни илјадници работници во Германија

Иран потврди за ракетни напади врз Израел, експлозии над Ерусалим – истрелани се над 100 проектили

Бајден ѝ нареди на Армијата да му помогне на Израел