Утрински Весник
Култура

Второ издание на фестивалот за култура Коронијалс

Второ издание на фестивалот за култура Коронијалс

Од денеска до 28  февруари, во просториите на домот на култура Кочо Рацин во Скопје, по втор пат ќе се одржи фестивалот Коронијалс

Фестивалот ќе се отвори со ликовна изложба која ќе трае до крајот на настанот, а публиката ќе може да проследи и ноќ на класична музика и опера од учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, книжевна емисија на Светла Јакшиќ и Пепи Стамков со гостинот Стефан Марковски, монодрамата „Ѕвездан“ на Емануела, краткиот филм „Пикавец“ на Георге Нешковиќ, подкаст воден од Светла Јакшиќ и Јана Ангелковска и игранка со експериментален музички состав од Кавадарци.

Фестивалот ќе биде заокружен во недела, со настанот „Ноќ на прозата и поезијата“, на кој ќе се претстават: Ненад Јолдески, Владимир Мартиновски, Лиле Стефановска, Исток Улчар, Горазд Кени, Софија Тодороска, Светла Јакшиќ, Пепи Стамков и Емануела.

„Коронијалс претставува поле на кое се вкрстуваат многу нишки на времија и безвремија, младости и возрасти, интереси и откровенија со цел да се создаде силна нишка на која ќе се подигне новото време на македонската културно – уметничка сцена“, објаснуваат организаторите на фестивалот.

Целосната програма на Коронијалс е достапна на Фејсбук настанот на фестивалот.

Влезот е бесплатен, а настанот ќе се одвива согласно со сите пропишани мерки за справување со пандемијата.

Текстот Второ издание на фестивалот за култура Коронијалс е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“