Утрински Весник
Култура

Премиера на филмот „Не е лошо да се биде човек“ на Душан Ковачевиќ

Премиера на филмот „Не е лошо да се биде човек“ на Душан Ковачевиќ

Легендарниот Душан Ковачевиќ, режисерот на класиците „Балкански Шпион“, „Професионалец“, „Маратонците го трчаат последниот круг“, „Урнебесна трагедија“, се враќа на филмската сцена по цели 18 години со комедија која го поставува вечното прашање – дали крајот на животот е крај на престојот на овој свет, или постои можност да се продолжи животот во друг облик?

Приказната го следи професорот по пијано Милан, пет години откако неговиот кум, некогашната поп ѕвезда Бели, исчезнува под неразјаснети околности.

Милан одлучува да ја разреши мистеријата и конечно да дознае што се случило. Не наоѓајќи поддршка од семејството и околината, Милан развива пријателски однос со куче скитник.

Ѕвездената актерска екипа ја сочинуваат: Бранка Катиќ, Христина Поповиќ, Ненад Јездиќ, Срџан Жика Тодоровиќ, Андрија Милошевиќ и многу други. Автор на музиката е Бајага.

Филмот ќе игра во нашите кина веќе од следната недела, а премиерата е на 24 февруари во „Синеплекс“.

Текстот Премиера на филмот „Не е лошо да се биде човек“ на Душан Ковачевиќ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“