Пожар избувна на траект кој пловел од Грција кон Италија, во кој имало 288 патници и членови на екипажот, соопшти грчката крајбрежна стража.
Грчки „Катимерини“ јавува дека патниците се евакуирани и дека веќе се во чамците за спасување, а засега нема информации дали има жртви или повредени.
https://www.youtube.com/watch?v=NU-eLaSpJ3Q
Крајбрежната стража соопшти дека на бродот имало 237 патници и 51 член на екипажот.
Во спасувачката операција биле вклучени три брода на крајбрежната стража, а „Катимерини“ наведува дека во спасувачката операција се вклучени и хеликоптери.
Фериботот „Еурофери Олимпија“ под италијанско знаме пловел од Игуменица во Грција до пристаништето Бриндизи во Италија, а пожарот избувнал во близина на островот Крф во Јонското Море, пренесуваат агенциите.
Засега не се познати причините за пожарот.