Утрински Весник
Свет

Борел: Санкциите кон Русија се подготвени во зависност од нивото на агресија

Борел: Санкциите кон Русија се подготвени во зависност од нивото на агресија
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека е подготвен да предложи пакет тешки санкции до Советот на ЕУ во случај на зголемено ниво на руска агресија против Украина.

„Доколку има агресија, веднаш ќе го свикам Советот на ЕУ и ќе презентирам пакет санкции. За тоа е потребна едногласна одлука на Советот на министри на ЕУ, но сигурен сум дека ќе има“, рече Борел.

Изјавувајќи дека ЕУ ќе дејствува решително доколку тоа го бара нивото на агресија, шефот на дипломатијата на ЕУ наведува дека се уште нема докази за повлекување на руските војници од границата со Украина, но дека има информации за растечки конфликти на делови од границата.

„Последните податоци укажуваат на тешки борби, а забележавме и многу дезинформации од руска страна со цел да се создаде атмосфера на наводни напади врз Русите во овој дел на Украина“, кажал Борел, пренесаваат медиумите во регионот.

„Со повикот на Думата да ја признае независноста на „републиките“ на Доњецк и Луганск, доаѓаме до ситуација во која сме се позагрижени“, рече Борел.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега