Утрински Весник
Свет

Израел ќе го укине зелениот сертификат

Израел ќе го укине зелениот сертификат

Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска најави дека ќе го укине зелениот сертификат бидејќи новите дневни случаи на коронавирус продолжуваат да се намалуваат.

По средбата со здравствените власти, Бенет изјави дека израелскиот бран на соеви на омикрон е „прекинат“, и дека во земјата претстои дополнително укинување на епидемиолошките мерки, пренесува агенцијата АП.

На луѓето кои имале „Зелена пропусница“ (израелски зелен сертификат), на оние кои неодамна закрепнале од коронавирусот или биле вакцинирани со три дози од вакцината, им било дозволено да влезат во затворени простори и да учествуваат во големи собири.

Како што се наведува, иако бројот на нови заразени е сè уште висок, израелското Министерство за здравство известува за постојан пад на сериозните случаи на ковида-19 од врвот на бранот омикрон вирус што беше во земјата претходно во февруари.

Од почетокот на имунизацијата во земјата, околу 48 отсто од 9,4 милиони луѓе примиле три дози од вакцината Фајзер, а повеќе од 72 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина.

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, најмалку 9.710 луѓе починале како резултат на инфекцијата.

Можете да прочитате

Трамп ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во училишни спортови

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје