Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ: Дали презентерката Бесмира Ујупи се квалификувала за конзул затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“

ВМРО-ДПМНЕ: Дали презентерката Бесмира Ујупи се квалификувала за конзул затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“
300x250 opst2

СДСМ и ДУИ ја срамат Македонија на секој чекор. Именувањето на конзули во Њујорк и Чикаго е уште една потврда за тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Кога јавноста помисли дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира, па на клучни позиции испраќа ТВ водителка и син на еден аналитичар, без никакво дипломатско искуство.

Именувањето на Бесмира Ујупи за конзул во Њујорк и Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу за конзул во Чикаго е скандалозно. Според кои критериуми овие лица добиле толку важни дипломатски позиции во САД? Дали Петри Муслиу позицијата ја добил заради тоа што неговиот татко ревносно ја брани владата на ДУИ и СДСМ? Дали ТВ презентерката Бесмира Ујупи се квалификувала за ваква позиција затоа што прочитала неколку вести од рубриката „Свет“? Ова ли се „тешкашите“ во дипломатијата кои ги најавуваше мафијата на власт?

Пиунот Ковачевски и Бујар Османи должат одговори, но и одговорност за погубната дипломатија која ја водат. Не е ни чудо што и се случува на Македонија на меѓународен план, кога вакви кадри ја водат македонската дипломатија“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива