Утрински Весник
Свет

Руски медиуми тврдат дека Украина гранатирала населени места на Доњецк и Луганск – Киев негира

Руски медиуми тврдат дека Украина гранатирала населени места на Доњецк и Луганск – Киев негира

Украинските безбедносни сили утрово два часа гранатирале девет населени места на териториите на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, соопштија претставништвата на републиките во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот, пишува „Спутник“.

„ Во изминатите 24 часа ситуацијата на контактната линија е значително влошена. Непријателот, по директна наредба на воено-политичкото раководство на Киев, се обидува да го ескалира конфликтот… Ги повикуваме меѓународните набљудувачи да ги забележат агресивните акции на силите на Киев и преземање итни мерки за да се спречи крвопролевање во Донбас“, се вели во изјавата на Лешченко, објавена на Телеграмскиот канал на Народната милиција на ЛНР.

„ Истрелани се околу 160 гранати со калибар поголем од 12,7 мм“, пренесува агенцијата „Доњецк“.

Украинската влада ги негира обвинувањата.

„ И покрај фактот што нашите позиции беа мета на забрането оружје, вклучително и артилерија од 122 милиметри, украинските војници не отворија оган како одговор“, изјави портпаролот на операцијата на Украинските здружени сили за „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Трамп ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во училишни спортови

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје