Утрински Весник
Свет

Захарова до западните медиуми: Oбјавете го распоредот за нападот за да можам да си го испланирам одморот

Захарова до западните медиуми: Oбјавете го распоредот за нападот за да можам да си го испланирам одморот

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, иронично побара од американските и британските медиуми да го објават распоредот за наводната руска инвазија на Украина за да може да го испланира својот одмор.

„Би сакала да ги замолам американските и британските медиуми Блумберг, Њујорк Тајмс и Сан да го објават распоредот за нашите претстојни инвазии во текот на годинава. Сакам да си го испланирам одморот“, напиша Захарова на „Телеграм“.

Западните земји и Киев ја обвинуваат Русија дека планира да ја нападне Украина, што Москва го негира.

Западните медиуми во неколку наврати објавија за денот на инвазијата, а како што пренесе „Политико“, американскиот претседател Џозеф Бајден изјавил дека Русија денеска може да ја нападне Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така рече дека слушнал оти 16 февруари може да биде денот на рускиот напад.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин понекогаш дури и се шегува прашувајќи дали некаде е објавен прецизно и часот кога ќе започне војната, бидејќи, како што рече, е невозможно да се разбере информациското лудило што се случува.

Можете да прочитате

Саудиска Арабија нема да го признае Израел без создавање на палестинска држава

Во Гвантанамо слета првиот авион со мигранти од САД

Американски медиуми: Најмалку 20.000 федерални работници ја прифатиле досега понудата на Трамп за заминување со отпремнина