Утрински Весник
Спорт

Финските хокеарки „бронзени“ на олимпискиот турнир

Финските хокеарки „бронзени“ на олимпискиот турнир

Репрезентативките на Финска во хокеј го одбранија бронзениот медал на Зимските олимписки во Пекинг. Во малото финале Финска ја победи Швајцарија со 4:0.

Првата третина Финска ја доби со голот на Ваиника. Резултатот 1:0 беше актуелен сѐ до третата третина кога хокеарките од Финска постигнаа три гола преку Тапани, Латинен и Карвинен.

Финска во женска конкуренција има освоено четири медали на зимските олимпијади, сите се бронзени.

Големото финале помеѓу САД и Канада на програмата е утре. Златото го брани селекцијата на САД.

> Финските хокеарки „бронзени“ на олимпискиот турнир <

Можете да прочитате

Анчелоти: Нејмар е подготвен да ги одигра сите 90 минути против Шкотска

Мининални победи на Хрватска и Колумбија

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја