Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: И СДСМ и ДУИ имаат градоначалници, но немаат ниту еден отчет, зашто ништо не направиле

Мицкоски: И СДСМ и ДУИ имаат градоначалници, но немаат ниту еден отчет, зашто ништо не направиле

Ме радува фактот дека и покрај сите проблеми, сепак општината Ѓорче Петров продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои се дадени пред граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на оваа скопска општина каде градоначалник е Александар Стојкоски.

Според Мицкоски, токму реализацијата на проекти од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикува нервоза кај политичките конкуренти.

„Во Македонија имате повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа. Така што, сето тоа кое што денеска претставува напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме, што би се рекло, на невистините кои што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ“, кажа Мицкоски, додавајќи дека е важно во периодот кој следи и покрај сите предизвици да се продолжи со работа и да се испорача ветеното за граѓаните.

Инаку, градоначалникот на Ѓорче Петров денеска најави, како што рече, капитален проект на улицата Радушка.

Станува збор за атмосферска канализација во должина од 1.115 метри на оваа улица, која е една од најстарите во општината и шест нови приклучоци за околните улици.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна