Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Со солзи во очите, Валиева и покрај грешката до првото место по кратката програма

Со солзи во очите, Валиева и покрај грешката до првото место по кратката програма
300x250 opst2

Руската тинејџерка, 15-годишната Камила Валиева, која во последните денови беше во центарот на допинг-скандал на Олимпијадата во Пекинг и покрај грешките кои ги направи во кратката програма, ја заврши на првото место, доаѓајќи блиску до златниот медал.

Валиева, која имала позитивен тест на средство за срцеви болести во декември (за што имаше оправдување дека земала од апчињата на својот дедо), направи грешка при тројниот аксел, и ја заврши програмата во солзи.

И покрај тоа што не беше на своето најдобро ниво, што е разбирливо по денови контроверзи и несигурност, таа имаше најдобар скор од 82.16, за прво место пред сонародничката Ана Шчербакова (80.20) и Јапонката Каори Сакамото (79.84). Слободната програма, на која ќе учествуваат 25 лизгачки на програма е во четврток.

ИОЦ веќе потврди дека таа нема да го добие медалот на церемонијата доколку заврши меѓу топ 3.

> Со солзи во очите, Валиева и покрај грешката до првото место по кратката програма <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион