Утрински Весник
Магазин

(Видео) Се шири стара снимка со Пит Дејвидсон како го коментира Канје Вест

(Видео) Се шири стара снимка со Пит Дејвидсон како го коментира Канје Вест

Целиот свет ја следи драмата што се случува околу Канје Вест, неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан и нејзиното ново момче Пит Дејвидсон.

Накратко – Канје сака да ја врати сопругата Ким и не бира средства да им го загорчи животот, нејзе и на нејзиното момче. Канје споделува на социјалните мрежи пораки со Ким, како и со Пит, повикувајќи ги своите фанови вербално да го малтретираат Дејвидсон.

На драмата не ѝ се гледа крајот, коментираат таблоидите, додавајќи дека раперот вчера испрати камион со рози за Ким за Денот на вљубените.

Оние кои ја следат драмата на социјалните мрежи сигурно веќе ја виделе старата снимка на Saturday Night Live (SNL) од 2018 година. Комичарот Пит, кој тогаш гостуваше во емисијата SNL, го искоментира однесувањето на Канје Вест по некои негови тогашни јавни испади.

„Колку треба да бидеш лош во политиката за дури и јас да го забележам тоа“, вели Пит, а потоа се надовзрува на менталното здравје на Канје.

„Тврди дека е вистинскиот тој и дека не пие лекови. Пиј лекови! Јас ги пијам, супер се. Да влезам во авион и пилотот да рече:’ова сум вистинскиот јас’ , одма ќе излезам од тој авион. Менталната болест не е оправдување да бидеш кретен“, вели Пит на снимката.

Овие денови снимката е попопуларна од кога било и многумина мислеа дека Пит ќе одговари на нападите на Канје врз него и Ким. Сепак, ниту тој ниту таа не се огласија во јавност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста