Утрински Весник
Македонија

Хелсиншки: Апел до Обвинителството да спречи одмазда кон Иловска

Хелсиншки: Апел до Обвинителството да спречи одмазда кон Иловска

Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравува одлуката на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Иловска од обвинението за убиство во миг.

„ Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението, поради историјата на насилство во овој случај.

Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството“ велат од Хелсиншки комитет.

Во вчерашното сведочење, Иловска изјави дека до неа стигнале информации дека колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт. Од Хелсиншки апелираат до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една долгогодишната жртва, која не добила заштита од институциите.

Можете да прочитате

Мицкоски: Реформите да бидат инклузивни, одржливи и со конкретни резултати

Одбиено барањето на Камчев за враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“, одлучи Врховниот суд

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница