Утрински Весник
Свет
Img 7972

Серија земјотреси го погодија севернокорејскиот нуклеарен полигон

Серија земјотреси го погодија севернокорејскиот нуклеарен полигон
Img 7972

Серија мали и природни земјотреси ја погодија областа во близина на затворениот севернокорејски полигон за нуклеарни тестирања, соопшти денеска Јужна Кореја.

Најмалку четири земјотреси го погодија регионот во последните пет дена, соопшти Корејската метеоролошка управа (КМА) во Сеул, пренесува „Ројтерс“. Последниот земјотрес е регистриран утринава и бил со јачина од 2,5 степена според Рихтеровата скала, со епицентар на речиси 36 километри од севернокорејскиот нуклеарен полигон „Пунѓери“.

Два земјотреса со јачина од 2,3 степена според Рихтеровата скала беа забележани во понеделникот во областа, а уште еден од 3,1 во петокот.

Севернокорејскиот полигон „Пунѓери“ е единствениот познат објект во земјата за спроведување нуклеарни тестови, каде што последниот познат нуклеарен тест беше извршен во септември 2017 година кога Северна Кореја ја детонира својата шеста и најголема нуклеарна бомба за која тврдеше дека е термонуклеарната „Оружје“.

Меѓутоа, во неделите по експлозијата, експертите укажаа на серија потреси и одрони во близина на базата за нуклеарни тестирања.

Можете да прочитате

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври

Неколку луѓе загинаа при експлозија во воена фабрика во САД

Трамп ја откажа средбата со Си