Утрински Весник
Македонија

79 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

79 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 79 возачи, од кои 38 на територија на СВР Скопје, 13 на територија на СВР Тетово. При акциската контрола санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

Од МВР апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше

СДСМ: Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од власта

Левица: ДПМНЕ му ветуваше на Груби „па-па во Шутка” – испадна „па-па обвинение, па-па правда”