Утрински Весник
Македонија

79 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

79 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 79 возачи, од кои 38 на територија на СВР Скопје, 13 на територија на СВР Тетово. При акциската контрола санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.

Од МВР апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можете да прочитате

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

Се славеше независност на Македонија, а знамето погрешно!

Прво целосно помрачување на Сонцето во Европа по 27 години – еве што ќе се гледа од Македонија