Утрински Весник
Македонија

Стелт омикрон сојот на коронавирусот пристигна и во Македонија – регистриран кај тројца пациенти

Korona test 678x469

Кај тројца пациенти во земјава е откриен сојот омикрон стелт, покажало последното секвенционирање на лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека е извршено секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од следните градови: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3, Кочани – 3, Свети Николе – 3, Неготино -2, Кавадарци – 2, како и примерок од Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гостивар, Валандово и од Виница.

Кај 35 примероци е докажана BA.1 сублинијата на омикрон. Кај 3 примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“ (два се од Скопје и еден од Струмица).

Во нашата земја сѐ уште циркулира и варијантата делта (B.1.617.2), докажана кај 3 примероци (двајца се од Гевгелија и еден од Велес).

Кај два примерока е потврдено присуството на Influenza H3N2.

Можете да прочитате

Повредена жена во експлозија во охридско село

Променливо време со врнежи од дожд

Радуловиќ тврди дека само ургирала за пријатели, не учествувала во незаконски дејствија