Утрински Весник
Спорт

Еден-два победа за САД во монобоб – Златото за ветеранката Хамфрис

Еден-два победа за САД во монобоб – Златото за ветеранката Хамфрис
Dik 300x250 mk

Кајли Хамфрис од САД победи на Зимските олимписки игри во Пекинг, во дисциплината монобоб. Оваа дисциплина дебитираше на Зимските олимпијади, а името на Хамфрис ќе биде запишано во олимписката историја.

35-годишната Американка, имаше најдобро време во три од четирите трки, на крајот го освои златото со вкупен резултат 4:19,27 минути.

За Кајл ова се првите Игри на кои настапи под знамето на САД, претходно од 2010 до 2018 година се натпреваруваше за Канада. Во Ванкувер во 2010 и СОчи во 2014 година, го освои златниот медал во боб двосед, а во 2014 во Пјонгчанг освои бронза.

САД, во монобоб, забележаа еден-два победа, благодарение на среброто кои и припадна на Елана Мејерс Тејлор. Таа возеше брилијантно во четвртата трка. Листата на медалистки ја заокружи Канаѓанката, Кристине Де Бруин.

> Еден-два победа за САД во монобоб – Златото за ветеранката Хамфрис <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето