Утрински Весник
Спорт

Милан подготвиле нов договор за Бенасер

Милан подготвиле нов договор за Бенасер

Фудбалскиот клуб Милан подготвува нов договор за Исмаел Бенасер. Алжирецот беше најдобриот играч на Милан во победата над Сампдорија 1:0.

Паоло Малдини, спортскиот директор на Милан, нема намера да му се повторат грешките од минатото, кога клубот без оштета го напуштија Џиџи Донарума и Хакан Чалханоглу, а за неколку месеци истото ќе го направи Франк Кеси.

Во четвртокот, нов договор до 2026 година потпиша Тео Ернандез, а наскоро се очекува истото да го направи и Бенасер. Милан ќе му ја зголеми платата на 3.000.000 евра по сезона.

Бенсер е играч на Милан од 2019 година, кога клубот на Емполи му плати нешто повеќе од 17.000.000 евра.

Според „Транфермаркт“, вредноста на Бенасер сега изнесува 30.000.000 евра.

> Милан подготвиле нов договор за Бенасер <

Можете да прочитате

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци

Кошаркарите на ТФТ со „стотка“ го обезбедија четвртфиналето во АБА 2 лигата

Македонија домаќин на Европското првенство У16 – „Б“ дивизија