Вечерва во 19.30 часот во големиот салон на Галерија „КО-РА“ ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.
Со тоа, Галерија „КО-РА“, се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените и виното, истовремено одбележувајќи го големиот јубилеј -100 годишнината на Астор Плацола – славниот композитор од „златниот период“ на аргентинското танго.
Од Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје информираат дека со мултимедијална изложба реализирани се бројни мултимедијални изложби кои здружуваа боја, форма, музика, гест, звук, танц, проекција, филмски остварувања, слики, скулптури, графики, фотографии, видео остварувања, инсталации, просторни интервенции, светлосни инсталации во фоајето и салоните на галеријата со учество на бројни уметници.
Текстот „Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална изложба во Галерија „КО-РА“ е превземен од МАКФАКС.