Утрински Весник
Свет

База во Албанија поради Русија и Турција – Балканот повторно регион од значење за САД

База во Албанија поради Русија и Турција – Балканот повторно регион од значење за САД
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соединетите Американски Држави најавија создавање база на американските специјални сили во Албанија.

Вашингтон се надева дека тоа ќе помогне да се спротивстави на влијанието на Москва на Балканот, како и да ги спречи Албанците премногу да се доближат до Турција, пишува угледниот американски портал Инсајдер.

Командата за специјални операции на САД во Европа на почетокот на јануари го објави формирањето  штаб на американските сили за специјални операции во Албанија.

Се очекува базата во Албанија да биде на ротирачка основа, односно да се користи само во одредени месеци од годината или кога е потребно и ќе се состои од само 10-15 специјалисти.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро