Утрински Весник
Свет

Хрватска и се заканува на Србија со блокада на патот кон ЕУ поради архивите кои не се вратени

Хрватска и се заканува на Србија со блокада на патот кон ЕУ поради архивите кои не се вратени

Хрватска повторно и се заканува на Србија дека ќе го запре нејзиниот пат кон Европската унија, а како причина сега го наведува проблемот со архивскиот материјал што Белград наводно одбива да го врати во Загреб.

Загрепски „Вечерњи лист“ тврди дека Белград одбива да му ги врати архивите што му припаѓаат на Загреб, иако, како што велат, Србија потпишала договор за наследување.

Вечерњи пишува дека по тој повод, Хрватска вчера упатила протестна нота до Србија, во која, како што наведува, предупредува дека проблемот со архивите може да го запре патот на Србија кон ЕУ.

Можете да прочитате

Во Москва застрелан руски генерал

Пад од 124.000 на под 63.000 долари – што се случува со биткоинот?

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност