Утрински Весник
Спорт

Македонија остана на 67. место на ФИФА листата

Македонија остана на 67. место на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа 67.позиција на ФИФА листата. Светската фудбалска организација претпладнево ја објави првата листа во 2022 година.

Белгија останува најдобро рангирана репрезентација на светот пред Бразил, Франција, Аргентина и Англија. Противникот во баражот за пласман на Светското првенство, Италија е на шестото место, а во Топ десет уште се Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

Од поранешната Југославија, Хрватите се на 15. место, Србија е 25-та, БиХ е на 59 место, Словенија е 64., Црна Гора е на 67. место, додека Косово е на 109. место.

> Македонија остана на 67. место на ФИФА листата <

Можете да прочитате

Мексико за прв пат во својата историја ги доби сите три натпревари од групната фаза

Одреден е првиот пар од плејофот

Бразил убедлив против Шкотска – 24info.mk