Утрински Весник
Македонија

246 сообраќајни прекршоци во Скопје, 71 за недавање предност на пешаци

246 сообраќајни прекршоци во Скопје, 71 за недавање предност на пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 71 мерка за недавање предност на пешаци, 17 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Дебарчанец запалил сува трева и предизвикал пожар

Претрес во дом на 18-годишен скопјанец, пронајден кокаин

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ