Утрински Весник
Спорт

Џердан Шаќири стана најскапото засилување на Чикаго фајр

Џердан Шаќири стана најскапото засилување на Чикаго фајр
Dik 300x250 mk

МЛС тимот Чикаго фајр го комплетираше трансферот на швајцарскиот репрезентативец Џерда Шаќири од францускиот Лион, во најскапиот трансфер на американскиот клуб.

Шаќири, поранешен фудбалер на Баерн Минхен, Интер и Ливерпул, пристигнува во САД со договор до крајот на сезоната 2024 за 7.5 милиони долари.

Шаќири ја почна кариерата со Базел, пред да направи трансфер во Премиерлигата во Стоук сити, за кои одигра три сезони и имаше 15 гола. Тој има освоено титули во Англија, Германија и Швајцарија, а за швајцарската репрезентација има 100 настапи и 26 гола.

Сезоната во МЛС лигата започнува на 26 февруари.

> Џердан Шаќири стана најскапото засилување на Чикаго фајр <

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс