Утрински Весник
Свет

Британската полиција ќе ја преиспита одлуката да не ги истражува забавите на Џонсон

Британската полиција ќе ја преиспита одлуката да не ги истражува забавите на Џонсон

Британската полиција денеска соопшти дека ја преиспитува одлуката да не ги истражува собирите во резиденцијата и канцеларијата на Борис Џонсон на Даунинг стрит за време на карантинот, откако се појави нова фотографија од настанот.

Полицијата веќе истражила 12 собири одржани во канцеларијата и резиденцијата на Џонсон, откако внатрешна истрага покажала дека неговиот персонал бил на забави, додека на некои од нив присуствувал и самиот британски лидер, пренесува Ројтерс.

Од Метрополитен полиција соопштија дека претходно извршиле проценка на настанот и констатирале дека истиот не ги исполнува условите за кривична истрага.

„Таа проценка се разгледува сега“, рече портпаролот на полицијата.

Премиерот Џонсон се извини за неговото однесување и вети дека ќе го промени стилот на раководење.

Мирор објави нова слика од настанот денес, на која се гледа како Џонсон стои покрај двајца вработени покрај отворено шише шампањ.

Четворица блиски соработници на Џонсон минатата недела поднесоа оставки со разлика од неколку часа, поради зголемениот притисок врз британскиот премиер.

Во тек е полициска истрага и комплетен внатрешен извештај од високиот државен службеник Сју Греј ќе биде објавен кога полицијата ќе ја заврши истрагата.

Можете да прочитате

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење