Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Реформите во владеењето на правото меѓу приоритетите на нашата држава

Пендаровски: Реформите во владеењето на правото меѓу приоритетите на нашата држава

Претседателот Стево Пендаровски го прими Фехми Стафа, државен правобранител на Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за тековните активности на Државното правобранителство во функција на правна заштита на имотните права и интереси на државата.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на улогата на Државното правобранителство во севкупниот правосуден систем, во контекст на владеењето на правото како предуслов за напредок на државата.

Реформите во сферата на владеењето на правото, според претседателот Пендаровски, се меѓу приоритетите на нашата држава, што не треба да се поврзува само со процесот на пристапување кон Европската Унија, туку и со потребата од функционална правна држава и систем на правда кој ќе ги штити нашите слободи и права и заедничкиот систем на вредности.

Можете да прочитате

Службеното „Ауди А6“ на Општина Струга продадено за 22.000 евра

Два напади врз малолетници во Скопје: Момче претепано во Карпош, девојче нападнато во Центар

Собранието го донесе Законот за парнична постапка – 24info.mk