Утрински Весник
Спорт

„Најк“ официјално го раскинаа договорот со Гринвуд

„Најк“ официјално го раскинаа договорот со Гринвуд

Американската компанија за производство на спортска опрема „Најк“ официјално ставија крај на своето партнерство со Мејсон Гринвуд, откако ѕвездата на Манчестер јуанјтед беше уапсен со обвинение за силување и физички напад минатата недела.

„Најк“ потврди дека 20-годишниот Гринвуд, кој веќе беше суспендиран и од Јунајтед, веќе не може да биде поврзуван со компанијата, посочувајќи дека „Мејсон Гринвуд веќе не е спортист на ‘Најк’“.

Манчестер јунајтед ги отстранија неговите дресови од продажба и ги информираа фановите кои сакаат да го сменат дресот може да го направат тоа бесплатно, а тој исто така е остранет и од . игрите „ФИФА 22“ и „Конами еФудбал“.

> „Најк“ официјално го раскинаа договорот со Гринвуд <

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание