Утрински Весник
Магазин

Бијонсе ја промовира својата нова колекција со нов имиџ

Бијонсе ја промовира својата нова колекција со нов имиџ

Бијонсе изгледа подготвена да го прослави Денот на вљубените додека ја промовира најновата колекција на „Адидас икс АЈВИ ПАРК“ (Adidas x IVY PARK), во нова кампања објавена во неделата.

28-кратната добитничка на „Греми“ ги воодушеви фановите со црвен латекс и пикантна змиска кожа додека ја покажува медено русата боб фризура во промоција на својата нова колекција „Ајви харт“ за Денот на вљубените.

Во најновата кампања на поп-дивата, се појавуваат и актерот Тајсон Бекфорд, супермоделот Шу Пеј, актерката и модел Каруче, пејачката Трои Сиван и комичарката Наоми Ватанабе.

Видео и фотографии од најновата колекција беа објавени на Инстаграм-страницата на брендот.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 29 октомври 2026 година

Дневен хороскоп за 28 октомври: Близнаците добиваат интересна понуда, Јарците завршуваат важна обврска

На генералната конференција за тежини и мерки во Версај донесени одлуки за иднината на мерењето на времето