Утрински Весник
Магазин

Подкастот на Џо Роган останува на „Спотифај“

Подкастот на Џо Роган останува на „Спотифај“

Главниот извршен директор и коосновач на „Спотифај“, Даниел Ек, иако остро ги осудува расните навреди и другите коментари на Џо Роган во неговиот поткаст, одлучил да не го отстранува од платформата.

Изјавата на Ек беше дадена во писмо испратено до персоналот, а до кое дојдоа „Ројтерс“ и „Холивуд репортер“.

Ова следи по извинувањето на Роган изминатиов викенд за употребата на расистички јазик во неговиот популарен поткаст.

Во писмото, Ек го известува персоналот дека Роган ќе избрише неколку од минатите епизоди.

„Иако јас силно го осудувам она што го кажа Џо… Сакам да нагласам и да разјаснам едно нешто – не верувам дека замолчувањето на Џо е одговорот“, вели првиот човек на стриминг -платформата за музика  во писмото.

Тој верува дека „Спотифај“ треба да има јасни граници околу содржината што се објавува.

„Треба да имаме јасни линии околу содржината и да преземеме акција кога тие се преминати, но откажување на гласови е лизгава патека“, стои во писото на Ек.

Можете да прочитате

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?