Утрински Весник
Свет

Шпанија со нов закон – Демонстрантите кои вознемируваат жени пред болниците за абортуси можат да одат во затвор

Шпанија со нов закон – Демонстрантите кои вознемируваат жени пред болниците за абортуси можат да одат во затвор

Долниот дом на шпанскиот парламент минатата недела одобри нов закон со кој се изрекуваат затворски казни за сите демонстранти кои вознемируваат жени пред болниците за абортуси, пренесуваат локалните медиуми.

Откако законот официјално ќе биде изгласан, лицата кои навредуваат или заплашуваат жени пред клиниките за абортус ќе можат да бидат осудени на затворска казна.

Бројни феминистички организации во Шпанија ја поздравија оваа одлука.

Можете да прочитате

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји

Лавров ги нарече обвинувањата дека Русија имала улога во инцидентот со беспилотното летало во Лајпциг „почеток на вистинска војна“