Утрински Весник
Спорт

Урша Богатај олимписка шампионка во ски скови

Урша Богатај олимписка шампионка во ски скови

Првиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пекинг заврши исклучително успешно за Словенија. Дамите освоија злато и бронза на малата скокалница.

Олимписка шампиoнка на малата скокалница стана Урша Богатај. Во двете серии, Богатај, скокна 108 и 100 метри и освои 239 поени.

Германката, Катарина Алтхаус, со скоковите од 105,5 и 95 метри, го освои второто место. Перфектниот ден за Словенија го заокружи Ника Крижнар со скоковите од 103 и 99,5 метри.

> Урша Богатај олимписка шампионка во ски скови <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk