Утрински Весник
Свет

Ердоган: Бајден не помогна во решавањето на украинската криза

Ердоган: Бајден не помогна во решавањето на украинската криза

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека американскиот претседател Џо Бајден и другите западни земји не помогнале во решавањето на кризата меѓу Русија и Украина.

Турскиот претседател оцени и дека нема европски лидери способни да ја решат ситуацијата, објавија денеска турските медиуми, пренесува „Ројтерс“.

По враќањето од Киев, каде што се сретна со неговиот украински колега Володимир Зеленски, Ердоган рече дека „многу ја цени“ планираната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција.

Во Киев турскиот претседател повторно им понуди на украинските власти официјална Анкара да биде посредник во решавањето на кризата со Москва.

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати