Утрински Весник
Македонија

Владина делегација оддаде почит по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Владина делегација оддаде почит по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на Владата, предводена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во рамките на државните настани за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

Со овие чествувања денеска, 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, народот на Северна Македонија и претставниците на повеќе државни и општествени институции се поклонуваат и оддаваат почит за неговата огромна историска улога во македонското револуционерно движење.

Гоце Делчев беше инспиратор и двигател на Македонската револуционерна организација (МРО), кој постојано се залагаше за единството и заедништво што ги препозна како движечки елементи во борбата за создавање самостојна македонска држава.

Можете да прочитате

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ

Спречено криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари