Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Хали Бери и Патрик Вилсон се справуваат со Месечината во научнофантастичен акционен спектакл

(Видео) Хали Бери и Патрик Вилсон се справуваат со Месечината во научнофантастичен акционен спектакл
300x250 opst2

„Кој е планот?“ прашува Хали Бери во одело на НАСА. „Да ја спасиме Месечината, да ја спасиме Земјата“, гласи одговорот на Патрик Вилсон, поранешен астронаут, во научнофантастичниот акционен филм Moonfall на Роланд Емерих

Филм за катастрофа од специјалист за ваков вид филмови, Роланд Емерих, кој ни ја донесе сагата за инвазија на вонземјани Independеnce Day, и приказната за екокатастрофа The Day After Tomorrow. Овој најнов блокбастер е пријатна забава изградена врз ексцентрични теории што ќе поттикне многу луѓе да дебатираат на интернет форуми со години.

Кога Месечината одеднаш ќе излезе од својата орбита, Земјата се соочува со уништување. Започнуваат цунами, земјотреси и ерупции, иако тие се само претходник на главниот настан додека Месечината се повеќе се приближува до нашата планета.

Американската влада е подготвена да истрела нуклеарно оружје, но Брајан Харпер (Патрик Вилсон) и Џо Фаулер (Хали Бери) имаат други идеи.

Можете да прочитате

„Ем-ти-ви“ затвора свои канали во Велика Британија и неколку други земји

Научниците открија истекување на метан на морското дно кај Антарктикот

Ина реагираше на поддршката од група лекари за неврологот Кузмановски: „Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците