Утрински Весник
Македонија

Приведено лице по централна потерница за издржување казна затвор од три години

Приведено лице по централна потерница за издржување казна затвор од три години

Денеска во 12.45 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со припадници Воена полицијаод Армијата на РСМ го лишиле од слобода Д.А.(44) од с.Семениште, општина Сарај.

Тој се барал со Централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 24 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни