Утрински Весник
Спорт

Алексис донесе важна победа за Чиле на тешкото гостување кај Боливија

Алексис донесе важна победа за Чиле на тешкото гостување кај Боливија

Чиле, предводен од двата гола на Алексис Санчез, стигна до драматична 3:2 победа на гости кај Боливија за да ги заддржи шансите за директен пласман на Светското првенство во Катар.

Санчез ги донесе Чилеанците во водство во 14. минута од мечот во Ла Паз, пред Марк Енумба да израмни за Боливија во 37. минута од мечот. Марселињо Нуњез во 77. минута го врати водството на Чиле, пред Санчез со својот втор гол во 85. минута да зголеми на 1:3. Боливија не се откажа и успеа да намали на 2:3 во 88. минута преку Марсело Морено.

Со победата, Чиле ги помина Уругвај на 5. место (кое води во бараж) со 19 поени, но со подобра гол-разлика и дојде на еден поен зад Перу, кои се четврти, место кое води директен пласман.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1434-26781”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Алексис донесе важна победа за Чиле на тешкото гостување кај Боливија <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија