Утрински Весник
Свет

(Видео) Советот за безбедност на ОН расправа за тензиите помеѓу Русија и Украина

(Видео) Советот за безбедност на ОН расправа за тензиите помеѓу Русија и Украина

Рускиот претставник во Советот за безбедност ги обвини САД дека создаваат хистерична атмосфера во однос на Украина.

„ Не ни треба оваа паника“, рече тој.

Тој покажа документи за министри во Украина кои, како што рече, тврдат дека нема закана од руска агресија, а активностите на Вашингтон ги нарече пропаганда.

https://www.youtube.com/watch?v=9CdY7t5VKIY

„ Нашите американски колеги мора да ги дадат вистинските информации за ова“, рече тој и ги повика сите да не станат плен на провокации.

Претставничката на САД, Линда Томас Гринфилд рече дека Вашингтон побарал состанок на Советот за безбедност поради активностите на Русија на границата со Украина.

„ Тие тврдат дека е на нивна територија, но е блиску до границата на нивните соседи, тие се соседи на кои Русија им ја окупирала територијата“, рече таа.

Таа рече дека по неколку средби меѓу Москва и Вашингтон, време е јавно да се проговори на средбата.

Можете да прочитате

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината

Војната во Иран досега ја чини Америка 29 милијарди долари

Три британски министерки поднесоа оставки и го повикаа Стармер да се повлече