Утрински Весник
Македонија

Лицемерно е барањето за помалку пратеници во Собранието, реагира владејачката партија

Лицемерно е барањето за помалку пратеници во Собранието, реагира владејачката партија

Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за помалку пратеници во составот на Собранието, тоа е истата партија која со години трошеше пари и организираше избори за дополнителни три пратеници во дијаспората, реагира СДСМ.

Од владејачката партија велат дека за своите барања за предвремени избори и укинување на техничката влада, Мицкоски не може да се договори ниту во сопствената коалиција, затоа што Алијанса за Албанците не прифаќа укинување на техничката Влада.

„Мицкоски е уплашен затоа што неговите градоначалници ништо не работат и ја губат довербата од граѓаните, па затоа постојано ја малтретитра јавноста со барања за предвремени избори. Во време на криза, институциите треба да се посветат на работа и проекти, граѓаните се уморни од избори и очекуваат конкретни решенија а не нови избори со кои системот ќе застане“, велат социјалдемократите.

Партијата повтори дека избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни