Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Канје Вест мора да биде вакциниран ако сака да одржи концерти, предупреди австралискиот премиер

Канје Вест мора да биде вакциниран ако сака да одржи концерти, предупреди австралискиот премиер
300x250 opst2

Хип-хоп уметникот Канје Вест ќе мора целосно да се вакцинира против Ковид-19 ако планира да настапува на концерти во Австралија, изјави премиерот Скот Морисон во саботата (29 јануари), откако медиумите објавија дека раперот планира австралиска турнеја во март.

Предупредувањето доаѓа само две недели откако надежите на тениската суперѕвезда Новак Ѓоковиќ за гренслем титула пропаднаа кога судот ја потврди одлуката на владата да му ја укине визата поради Ковид-правилата и неговиот невакциниран статус.

„Правилата се дека треба да бидете целосно вакцинирани“, рече Морисон на прес-конференција.

„Тие се однесуваат на сите, како што луѓето се уверија неодамна. Не е важно кој си, тоа се правила. Следете ги правилата – можете да дојдете. Не ги почитувате правилата, не можете да дојдете“.

Изјавата на Морисон уследи по веста во весникот „Сиднеј морнинг хералд“, кој цитираше извори од забавната индустрија дека Вест планира серија концерти на стадиони во Австралија во март.

Можете да прочитате

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух

Започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“