Утрински Весник
Економија

ТЕ-ТО уште два месеци ќе обезбедува дополнителни количини струја

ТЕ-ТО уште два месеци ќе обезбедува дополнителни количини струја

Владата на 9-та редовна седница, која се одржа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година.

Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година.

Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија.

 

Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите