Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Залудно Каевски се обидува со празна прес конференција да ги прикрие луксузирањата на Шилегов и Јанчева

ВМРО-ДПМНЕ: Залудно Каевски се обидува со празна прес конференција да ги прикрие луксузирањата на Шилегов и Јанчева

Празните прес конференции и соопштенија од СДСМ нема да ги сокријат скандалите и криминалот на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Денес очекувавме Дарко Каевски на прес конференција да и одговори на македонската јавност како со неговата директорска, па сега пратеничка плата изминативе 5 години успеал да се стекне со 3 стана во Скопје. Исто така денес очекувавме дека Дарко Каевски ќе и објасни на македонската јавноста за најголемиот јадач Љубица Јанчева која потрошила 92 илјади денари за предновогодишна забава, која на менито имало и скапи и стари вискија. Немаше одговор ниту за специјалното мени на екс градоначалникот Петре Шилегов, кој на истата предновогодишна забава, порција бифтек со путер кој чини, ни помалку ни повеќе 2.400 денари“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Кога веќе Каевски зборува за партизирање на институциите, од опозициската партија велат дека треба да се потсети за неколку директори во Градот Скопје изминативе 4 години.

„ До каде е случајот со истакнатиот партиски директорот на претпријатието „Улици и патишта“, Сенко Смаиловиќ кој жив беше фатен со дрога пред година и половина. Дали Каевски кога зборува партиски директори зборува за претходниот директор на јавното претпријатие во Град Скопје Водовод и Канализација, Душко Весковски кои беше кандидат за градоначалник во општина Карпош и катастрофално ги изгуби изборите. Кога зборува за партиски кадри, Каевски мисли и на Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, директор на Зоолошката градина, кој воедно е и најнеспособниот директор, каде што му бегаа животни од зоолошката, а патем беше директор со сомнителна- фалсификувана диплома“ се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така додаваат дека од СДСМ се исплашени од скандалите и криминалот на нивните функционери, кои секојдневно излегуваат во јавноста, па се обидувале со паушални прес конференции да го прикријат секој скандал и криминал.

Можете да прочитате

Македонија со нови амбасадори во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија

Невреме го парализира скопскиот аеродром – авиони кружат и не можат да слетаат

Утре ќе се распише огласот за избор на нов претседател на ДКСК