Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Силно невреме во Шкотска – жена загина кога врз неа падна дрво

Силно невреме во Шкотска – жена загина кога врз неа падна дрво
300x250 opst2

Жена загина во невреме во Шкотска кога врз неа паднало дрво поради налет на ветер, кој дувал со брзина од околу 128 километри на час, пишува „Дејли мејл“.

Шкотската полиција соопшти дека нема ништо сомнително во смртта на жената.

Жолтото метео предупредување е на сила во сите делови на Шкотска, северна Англија и делови од Северна Ирска по невремето кое донесе силен ветер и дожд.

Во сила е предупредување и за источниот дел на Шкотска, каде што се очекува нападите на ветер да предизвикаат прекини во патниот, железничкиот, воздушниот и траектниот сообраќај.

И за утре метеоролозите најавуваат бурен ветер кој ќе дува околу 140 километри на час.

На северот на Британија утре се очекуваат силни ветрови, особено на северот на Шкотска.

Невремето „Малик“ денеска ја погоди Британија, а бурата „Кори“ се очекува утре.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори