Утрински Весник
Свет

(Видео) Цртежи од Штрумфовите и Таличниот Том во новиот белгиски пасош

(Видео) Цртежи од Штрумфовите и Таличниот Том во новиот белгиски пасош

Од 7 февруари официјалните пасоши на Белгија ќе бидат илустрирани со цртежи на најпознатите белгиски стрип херои, почнувајќи од Штрумфовите, преку Таличниот Том до Тин Тин и Марсупилами.

Новите белгиски пасоши со тоа ќе станат едни од најуникатните во светот, а тоа ќе биде можност за понатамошна промоција на стрипот како национална уметност со која Белгијците се многу горди.

„Белгискиот пасош е еден од најдобрите во светот, тој е извор на гордост за нас, но и предмет на желбата на фалсификаторот. Затоа постојано работиме на подобрување на неговата безбедност“, изјави шефицата на дипломатијата на Белгија, Софи Вилмес.

Новите пасоши ќе вклучуваат 48 различни безбедносни техники и треба да бидат двојно побезбедни од сегашните кога станува збор за злоупотреба.

Белгискиот пасош моментално е седми најценет по слободата на движење што му ја обезбедува на имателот на глобално ниво од 199 национални пасоши.

Можете да прочитате

Захарова: Нелегалните дејствија на ЕУ со замрзнати руски средства ќе предизвикаат најостра реакција од Русија

Кубилијус: ЕУ да не чека на САД, туку да води преговори

Германија ќе уплати 100 милиони евра за поддршка на Украина